Уредување на работен лист и работна околина во Excel

Статус
Незапишан
Цена
800 MKD
Започнете

Опис на обуката

Microsoft Excel е програма за табеларни пресметки, дел од канцеларискиот програмски пакет Microsoft Office, наменета за претставување на податоците на табеларен начин, уредување табели, вршење табеларни пресметки и графички приказ на податоците, креирање на прегледни и професионални извештаи, финансиски анализи, но и за сите оние кои сакаат да ги унапредат своите дигитални компетенции. Во програмата „Уредување на работен лист и работна околина“.

Cлушателите ќе се запознаат со работната околина на Excel, односно:

  • лента со наслов на апликацијата и работниот документ
  • главно мени со подменија (File, Edit, View, Insert, Format, Tools, Data, Window и Help) како и детална анализа на можностите при работа со секое од нив;
  • ленти со алатки;
  • ленти за хоризонтално и вертикално поместување на документот;
  • копчиња за минимизирање, за ресторирање и за затворање на прозорецот;
  • лента со формули;
  • статусна лента на активната ќелија;
  • работни листови;
  • колони;
  • редици;
  • ќелија

Слушателите ќе ги осознаат поимите за табеларен документ, работен лист (додавање, реименување, бришење на истиот) и табела, како и структурата на програма за табелирање, елементите на работниот лист, движењето низ работен лист, внесувањето на податоци во табела. Во програмата е предвидено да се имплементираат и низа кратенки и полесен пристап до основните операции со податоци.

Слушателите ќе научат како да ја менуваат и уредуваат табелата и елементите на табелата (ќелија, ред, колона), како и основните операции со табели и елементите на табелата (ќелија, ред, колона – додавање, бришење, менување на димензии).

Резултати од учење

Слушателите преку следење на оваа програма ќе ја осознаат важноста за користење на програма за табеларни пресметувања, ќе научат да ја прилагодат работната околина на програма за табеларни пресметувања. Слушателите исто така ќе умеат да ги користат основните операции со табела и елементите на табелата, како и да уредуваат табела и елемeнти од табелата.

Просек на препораки:
★★★★★
Јован Јанкуловски
jkdjksdjk
★★★★★

jghjhjhjhjh

Мора да бидета најавени за да оставите коментар.

Содржина на обуката

Содржина
Содржина
Содржина
Содржина
Содржина
Содржина
Scroll to Top