Горица Мицева
Кратка биографија
Горица Мицева е дипломиран професор по информатика на Институтот за Информатика при Природно-математичкиот факултет – Скопје и моментално е на последипломски студии на ФИНКИ-Едукација со ИКТ. Таа е наставник по информатика и наставник-ментор во ООУ „Димката А. Габерот“- Кавадарци, координатор за локални активности во НВО Еко живот Кавадарци од 2018 година, Обучувач за дигитални компетенции во CES Academy од 2022 година.
Учествувала на сите Државни натпревари организирани од Здружението на Информатичари како ментор наставник на ученици со прва, втора и трета награда од 2011 до 2021 година (15 државни награди). Горица е реализирач на обука на државно ниво за спроведување на нова наставна програма во основно образование за работа со компјутер, како и Обучувач во обука „Настава насочена кон постигнување резултати од учење од повисоко ниво“ од подрачјето Поучување и учење на основни професионални компетенции од страна на МОН и БРО.
Таа е онлајн реализaтор на обука за користење на Националната платформа за изведување онлајн настава за време на пандемијата на Ковид.
Горица е иноватор на проектот Основи на Информатика, со локална самоуправа, наменета за деца од социјално ранливи категории, имплементатор на Микро Бит во наставата (Училишта на 21 век од МОН и Британски совет) и исто така сертифициран Мајкрософт иновативен едукатор. Горица има организирано и спроведено многу работилници и обуки за подигање јавната свест за заштита на животната средина, вклучувајќи ги училиштата и јавноста институции, како и креирани промотивни кампањи на социјалните медиуми и видео материјали и упатства.
Мои обуки (2):
- 2 обуки
- 11 модули
- 3 ученици
- 1 препораки


