Академија Ц.Е.С., е водечка институција за образование на возрасни лица во Северна Македонија, која од 2000 година па наваму, успешно работи на развој и промоција на човечкиот капитал.
Принципи и вредности на кои ја засноваме нашата дејност:
- Извонредност во реализација на обуките, со широк асортиман на обуки, голем опфат на слушатели и постојана база на едукатори, образовни експерти и стручни соработници.
- Промовирање и унапредување на концептот на доживотно учење. Континуирано се прилагодуваме на промените и се стремиме да одговориме на сите предизвици на современите динамични општества.
- Обезбедување на квалитет во образовните услуги, гарантирани со повеќе акредитации и сертификации, издадени од државни и меѓународни инстутуции, вклучувајќи ги ISO 9001:2015, ISO 17100:2015 и ISO 21001:2018.
- Инклузивност и достапност на образовната понуда до сите категории на граѓани.
Нашата програмска понуда, вклучува:
- Програми за стручно образование и обука за повеќе струки и области.
- Хоризонтални образовни вештини, меки вештини, дигитални и јазични компетенции.
- Професионален развој за наставници.
Нашата мисија е обезбедиме квалитетно образование, преку промовирање и спроведување на концептот за доживотно учење, креирање и спроведување на иновативни програми, преку знаења и вештини потребни за живот во модерната ера, кои ќе бидат достапни за сите под еднакви услови во склад со нивните индивидуални можности.
Нашата визија е да создадеме општество на функционално писмени граѓани, подготвени за претприемачка иницијатива, кои ќе поттикнуваат прогресивни идеи и целосно го прифаќаат концептот на доживотно учење, во општество што ги почитува принципите на одржлив развој. Да создадеме општество, каде секоја индивидуа ќе може да го постигне својот потенцијал и дададе максимален придонес во создавање на подобра иднина.
