Напреден бизнис Excel

Статус
Незапишан
Цена
800 MKD
Започнете

Опис на обуката

Microsoft Excel е програма за табеларни пресметки, дел од канцеларискиот програмски пакет Microsoft Office, наменета за претставување на податоците на табеларен начин, уредување табели, вршење табеларни пресметки и графички приказ на податоците, креирање на прегледни и професионални извештаи, финансиски анализи…

Оваа обука е наменета за компании од различна големина и различни видови на индустрии. Со оглед на тоа што секоја компанија веќе работи со големи бази на податоци, се зголемува потребата истите да се сортираат и да се олесни и забрза нивната обработка, како и податоците подобро да се сортираат, анализираат и визуелизираат. Токму затоа оваа обука може да помогне на секоја компанија која сака да ги подобри своите работни капацитети.

Во обуката Напреден бизнис ексел ќе се обработат следните подрачја:

  • Стандардни пораки за грешки при употреба на формули
  • Распоредување на податоци по колони (Text to column)
  • Употреба на фукнции за референцирање и пребарување, HLOOKUP и VLOOKUP
  • Конвертирање на табели во опсег
  • Ограничување на внесот на податоци – Data Validation
  • Видови графикони, Напредно користење на графикони
  • Pivot табели

Слушателите ќе научат како да манипулираат со податоци при појава на некаков вид на грешки во документот, како да ги прераспоредат податоците од даден ранг во колони, но и како да се ограничи типот на податоци кои смеат да се употребат во дадени келии.

Слушателите ќе научат како визуелно да ги претстават податоците, како и кој тип на графикон е најпогоден за одреден вид на анализа. Исто така, со помош на Pivot табели, слушателите ќе умеат да прават конкретна анализа која им е потребна.

Со помош на оваа обука се добива  поголема ефикасност во работењето, подобро организирани податоци, брзи и прецизни пресметки како и зголемување на продуктивноста на слушателите.

Резултати од учење:

Сo следење на обуката Напреден бизнис ексел слушателите ќе умеат:

  • Поефикасно управуваат со податоците кои се генерираат при работењето
  • Ја зголемат ефикасноста и заштедат време при извршувањето на задачите
  • Подобро да ги организираат своите податоци
  • Да добијат ефикасни и брзи пресметки
  • Да направат визуелно претставување и анализа на самите податоци

Клучни зборови
Графикон, data validation, if error, pivot, table

Просек на препораки:
★★★★★

Мора да бидета најавени за да оставите коментар.

Содржина на обуката

Содржина
Содржина
Содржина
Содржина
Содржина
Scroll to Top