Подготовка за успех: CV, Мотивациско писмо и вештини за интервју

Статус
Незапишан
Цена
500 MKD
Започнете

Опис на програмата

CV-то на едно лице е првото нешто што потенцијалниот работодавец ќе го види, затоа е од витално значење тоа да го привлече нивното внимание. Доброто CV ги зголемува  шансите за успешно аплицирање за работа, додека лошото гарантирано ќе ви ја намали можноста за вработување.

Многу работодавци треба да поминат низ стотици биографии за кратко време. Како резултат на тоа, малку е веројатно дека ќе ги прочитаат сите внимателно. Наместо тоа, тие често скенираат биографии за помалку од 20 секунди и се обидуваат брзо да ги идентификуваат слабостите и силните страни, и да одлучат кои ќе влезат во потесниот круг на кандидати.

Ова е причината зошто не е доволно само да напишете листа со вашите искуства и вештини кога аплицирате за работа. Вашето CV треба да се издвои од толпата, па затоа вреди да се посвети време за учење на стратегии и пишување.

Целта на CV-то и мотивациското писмо е да го натераат потенцијалниот работодавец да ве покани на интервју. Значи, како некој може ги подготви овие документи  кога аплицира за работа?

Пишувањето на ефективно CV и мотивациското писмо вклучува многу повеќе отколку што многумина мислат.

Постојат начини како да се  истакнат силните страни, вештини и искуства во CV-то и мотивациското писмо. Добрата вест е дека овие стратегии може да се научат. Оваа обука за „Вештини за успех – Подготoвка за успех: CV, Мотивациско писмо и вештини за интервју “  e дизајнирана да ве научи како да ги подготвите овие документи кои ќе ве истакнат од другите и ќе ви обезбедат интервју за работа.

И не само тоа, ќе ве подготви и за самото интервју, како да се претставите  во најдобро светло, кои прашања да ги очекувате и да го менаџирате стресот пред разговорот. Бидеќки интервјуто за работа е разговор во кој меѓусебно се проценуваат работодавачот и кандидатот за работа.

Резултати од учење:

  • Стекнати клучни сознанија за изработка на сопствени документи за барање на работа
  • Подготовка на CV со кое се истакнувате при аплицирање на работа
  • Подготовка на Мотивациско писмо кое е уникатно за вас
  • Развиени знаења за однесување на интервју на работа
  • Подготовка на писмо за благодарност за интервју
Просек на препораки:
★★★★★

Мора да бидета најавени за да оставите коментар.

Содржина на обуката

Содржина
Содржина
Содржина
Содржина
Содржина
Scroll to Top