Опис на програмата:
Обуката овозможува слушателите да бидат запознати со сметководствените принципи и начела кои се применуваат при евидентирање на сметководствените трансакции во деловните книги кај непрофитните организации, пред се во делот што претставува „модифицирано сметководство“ при признавање на приходите и расходите. Презентацијата ги обработува системските слабости кои се составен дел на законската регулатива.
Начинот на евидентирање на сметководствените трансакции во деловните книги е објаснет со неколку практични примери. Во рамките на презентацијата е обработено прашањето на данокот на добивка како даночни обврзници само на делот на приходите кои се остваруваат од стопанска дејност.
Резултати од учење:
Со презентацијата ќе се дефинираат сметководствените политики и начела кои се применуваат за воспоставување на деловните книги/сметководствената евиденција и изготвување на финансиските извештаи кај непрофитните организации
Мора да бидета најавени за да оставите коментар.
